Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komarec kasnuvanje03.07.2014  По повлекувањето на водата од поплавата што пред еден месец го зафати Чешиново, за жителите се појави нов проблем. На сретсело остана голема бара од која се шири неподнослива смрдеа, а се појави и необичен вид комарци кои по каснувањето оставаат големи отоци на кожата.

Чешиновци се жалат дека наутро и во доцните попладневни часови немаат мир од овие комарци, а некои веќе побарале и лекарска помош затоа што отокот не спласнува и по два-три дена.

- Не се тие старите што беа, има едни поголеми, влегуваат дома по собите, имаат големи крилца и удираат по нозете. Опасни се, заразни се, штом ќе те касне веднаш се познава белег, на увото, на рака, рече жител на Чешиново.

- Ова е од фекалиите, од фекалиите што се излеаја од поплавата, па се појавија комарците. По боја се црвени, големи и многу заразни, кој рака, кој око, уво, нога, кај сите е отечено. Еве, јас денеска бев на лекар и ми кажаа дека тоа било многу голема зараза, рече жител на Чешиново.

Стручните лица - познавачи на однесувањето на инсектите потврдуваат дека е можно нов вид комарци да е дојден од соседните држави каде исто така имаше поплави и зголемено ниво на влажноста на почвата.

- Влажноста е еден од условите за појава на поголем број комарци, кои би биле можеби поагресивни, кои доста се интересни за истражување. Можно е од постојните места во соседните држави со зголемена влажност, лесно со ветерот можат да дојдат и некои комарци, кои би можеле да пренесат некои заразни болести што ги нема или многу ретко се јавуваат кај нас, рече Душан Спасов, ентомолог.

Во барата што се создала од фекалната вода во Чешиново се насобрале и купишта отпадоци што жителите од околните куќи ги фрлаат овде.

- Не се излегува навечер тука, мора да се преземе нешто, не може да се исцеди, ниско е, единствено да се наполни со нешто, рече жител на Чешиново.

Жителите на Чешиново велат дека прскањето против комарците што неодамна се спроведе и во нивната општина се уште не покажало видливи ефекти. Очекуваат Локалната самоуправа да преземе мерки барата да се исцеди и да се пополни со земја, а на ова месот да изгради детско игралиште како што било предвидено со урбанистичкиот план.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code