Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Goce Lazarov04.07.2014  Уште од мај 2011 година Гоце Лазаров од Оризари нема никаков контакт со своите две малолетни деца, откако поранешната сопруга со место на живеење во општина Македонска Каменица насилно му ги одзела и побегнала со нив, иако тој го имал родителското право.

Таткото има и писмено известување од Центарот за социјални работи од Делчево во кое пишува дека после разводот од сопругата децата му биле доделени нему за да се грижи и да ги чува. Лазаров вели дека за тоа имал и финансиски услови, затоа што заработил додека две години бил во воена мисија во Авганистан како припадник на специјалната единица волци на АРМ.

По враќањето оттаму и по разводот на бракот започнала неговата мака.

- На 16. мај 2011 година децата ми беа киднапирани од страна на бившата сопруга и од Центарот за социјални работи – Кочани. Сега немам сознание ниту каде се децата, ни кој се грижи за нив, до ден денешен, веќе три години, рече Гоце Лазаров.

Загрижениот татко вели дека ангажирал адвокат кој покренал судска постапка со цел децата да му бидат вратени, односно да дознае каде се и кој му ги одзел.

Во меѓувреме се обидел и самиот да ги пронајде двете малолетни деца, па отишол да ги бара во кумановско Ореше каде живеела сестрата на поранешната сопруга. По кратка расправија со неа, во момент на афект, Лазаров пукал и ја ранил жената, по што бил осуден на 6 годишен затвор и завршил зад решетки.

- Цела Македонија ја прошетав за да ги најдам децата, никој не ми кажа ниту од Центарот за социјални работи, ниту од Полициската станица, да ме известат каде се наоѓаат моите деца. Отидов во Куманово, се случи што се случи, ми го уништија целиот живот. Бев и вработен, а сега изгубив и работа и се, имам и документи дека мајката го изгубила родителското право, се имам. До денеска не ми кажуваат од Центарот за социјални работи – Кочани каде се децата, додава Лазаров.

Лазаров поседува документи дека го имал родителското право, а од основното училиште “Крсте Петков Мисирков“ од Оризари добил известување дека двете деца официјално не се испишани и треба да посетуваат настава.

- Децата се веќе пораснати и ме имаат заборавено. И тие мене како родител, а и јас нив да ги видам нема да можам да ги познаам, веќе три години помина време, никој не ми кажува каде се, мајката се уште ги крие, поранешната сопруга. Имам пријавувано во Полициската станица во Кочани и во Центарот за социјални работи, но сите избегнуваат, никој не сака да ми каже каде се децата. Тоа е се организирано, бившата сопруга со Центарот за социјални работи и Полициската станица, односно нејзиниот поранешен командир, додава Лазаров.

И покрај долгиот период во кој нема никакви сознанија каде му се децата, Лазаров се надева дека во судската постапка ќе биде донесена пресуда во негова корист и ќе дознае кој учествувал во одземањето на неговото родителско право. Верува во праведно судење, затоа што според него, правдината еден ден мора да излезе на дело.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 165 гости и нема членови


web counter



qr code