08.07.2014 Три потешко и две полесно повредени маолетни момчиња е билансот од тешката сообраќајнa несреќа што утрово околу 5,30 часот се случи на патот Пониква – Кочани над Градската депонија.
Патничкото возило “фолксваген голф“ што се движело кон градот, излетало од коловозот и завршило во удолнината покрај патот. При ударот дошло до поголемо оштетување на задниот десен дел каде седело едно од потешко повредените момчиња. Исто така, како последица од силниот удар еден од сопатниците излетал од автомобилот и се здобил со повреди.
На местото на несреќата видливо беа траги од кочење, но поради сувата трева возилото не успеало навреме да запре. Повредените момчиња итно биле пренесени во кочанската болница каде им била укажана прва помош и санирање на повредите.
- Сите се родени во 1997 година од кои две, со полесни повреди со иницијали К.Т и П.К., се испратени на домашно лекување, едно е задржано во интензивниот оддел на хируршкото одделение, тоа е дете со иницијали А.М., додека едното од нив што е со потешки повреди Д.А. е испратено веднаш во трауматологија во Скопје и едно од нив се уште се наоѓа тука, се прават испитувања, анализи, рентген снимки, тоа е со иницијали Ф.Ц. Со него се уште не ја знаеме состојбата, ќе кажат докторите, рече Христина Кабова – Димитровска, главна медицинска сестра во Општа болница – Кочани.
Местото каде што се случи сообраќајката овозможува возење со поголема брзина што најверојатно е причина за излетувањето на возилото. Увидот што го направи полициска екипа и истражен судија треба да дадат одговор како дошло до несреќата.
Инаку, ова е втора сообраќајна несреќа што за една недела се случува на патниот правец кон Пониква. Минатаиот викенд кај месноста Лешка кривина по излетување на автомобил загина бремена жена, а возачот беше повреден.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}