Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

docenti ekonomski10.07.2014  Тројца предавачи, доценти на Економскиот факултет од Штип, кој има дисперзирани студии во Кочани, ќе останат без работен ангажман од следната наставна година. Состојбата во која се нашле ги принудува да размислуваат и за штрајк со глад поради нанесената неправда.

Тие не биле избрани за повисоко звање, односно за вонредни професори на Факултетот, иако рецензентската комисија им дала позитивен извештај за работата.

- На таквиот рецензентски извештај, кога дојде на наставнички совет да биде изгласан, тоа не се случи затоа што деканот со групата што ја менаџира неаргументирано и без основа гласаа против позитивниот рецензентски извештај што е нон-сенс и е кршење на сите законски прописи.

Не смееме да дозволиме деканот и групата околу него да се однесува на начин на кој се однесува, затоа што ако сега помине ова на нашиот случај вака, во иднина сите колеги, без разлика на квалитетот што ќе го дадат во наставно-научниот процес, ќе бидат изложени на линч, односно доколку не се со групата на деканот можат многу лесно да бидат отстранети од работа, односно да се изврши обид за нивно отстранување од работа, рече д-р Крсте Шајноски, доцент на Економски факултет - Штип.

Предавачите кои практично ќе останат без ангажман на Факултетот велат дека нема да го премолчат ваквото однесување и ќе преземат соодветни мерки.

- Покрај правните мерки што ќе ги преземеме и ни стојат на располагање, од утре, доколку Ректоратот не застане на патот на самоволието на деканот на Економски факултет јас и двајцата мои колеги, со поддршка на СОНК, стапуваме во штрајк со глад, додава Шајноски.

Деканот на Економскиот факултет вели дека тој нема вина во случајот, туку само само ја почитувал одлуката на наставничкиот совет.

- Во овој случај наставничкиот совет со осум гласа против не им го усвои рецензентскиот извештај за избор во вонредни професори. Јас како декан морав да го поставам и тоа дали тие ќе останат во постојното звање доцент, да останат тие двајца на Економскиот факултет, но и во тој случај се повтори бројот на оние кои гласаа против со осум спрема пет, рече проф. д-р Ристо Фотов, декан на Економскиот факултет - Штип.

Деканот Фотов напомена дека незадоволните наставници можат да поднесат жалба против одлуката на наставничкиот совет на Факултетот, по што во рок од 15 дена ќе добијат ново мислење. Ако и тогаш се незадоволни, можеле да се жалат до Универзитетскиот сенат, но неговата одлука ќе била конечна.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 188 гости и нема членови


web counter



qr code