Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Lada 3.JPG01.02.2013  Среќен крај за 50-годишен пациент со инфаркт имаше транспортирањето од Кочани до Скопје. Во близина на светиниколското село Сарамзалино се расипало возилото на Општа болница со кое бил превезуван пациентот, па морал да чека неколку часа за да се организира нов транспорт.

Медицинската екипа веднаш ги известила колегите во кочанската болница за случката, па била повикана Итната медицинска помош од Свети Николе со чие возило пациентот е однесен на Кардиолошката клиника во Скопје. Расипаното возило заедно со возачот останало да чека на патот додека да дојде друго возило и да биде одвлечено назад.

 Директорот на Општа болница, Дејан Апостоловски, потврди дека имале непријатна случка при транспорт на пациент, но не сакаше за тоа да зборува пред камера. Рече дека состојбата со возилата е многу лоша затоа што тие се стари дваесетина, па и повеќе години и често се расипуваат.

И возачите велат дека често се мачат со болничките возила.

- Па, ако во неделата не еднаш, тогаш во месецот сигурно ни се случува да се влечеме по патиштата, од Скопје назад и да ги префрламе болните за Скопје од едно во друго возило, рече Милан Гошев, шеф на возниот парк на Општа болница.

 Често на помош им доаѓаат возила од блиските градови каде се расипало кочанското, но веќе и тие ја откажуваат соработката, па пациентите мораат да чекаат да дојде друго возило од Кочани. Возачите велат дека често има денови кога и по три и повеќе пати транспортираат пациенти за Скопје.

Проблемот со старите возила не е само во Општа болница во Кочани. Ист е случајот и со останатите такви установи во државата. Директорот Апостоловски рече дека тој проблем треба да се реши по примерот со амбулантните возила во итните медицински служби. Неодамна тие беа опремени со најсовремени возила, додека оние на општите болници не ги задоволуваат минималните стандарди за транспорт на пациентите.

Т. Ајтовски

Сподели

Lada 2Lada 5

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NE при 11 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 124 гости и нема членови


web counter



qr code