Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ruen Penzioneri14.07.2014  Поголема група пензионери кои работниот век го поминале во некогашен “Руен“ дојдоа на свеченоста по повод рестартирањето на фабриката.

Емотивно и со радост рекоа дека дошле на поранешните работни места за да го искажат задоволството што фабриката во која вградиле дел од себе ќе продолжи да живее и ќе биде можност за егзистенција на нови стручни кадри.

- После 12-13 години влегуваме тука и има многу позитивни работи за сопствениците, затоа што сакавме наш човек да застане зад фирмата, да оди напред... Не можеме задоволството да го искажеме, затоа што по 10 години во пензија ова е некој прв пат да се сети за да го пренесеме нашето искуство, да видиме што е направено, што е изгубено и секогаш сме расположени да помогнеме, без разлика што сме во пензија, еве по 40 години оставивме тука, што значи дека тоа е повеќе од нашиот живот...

Ова задоволство го чекам со душа, да дојдам да видам како напредува Кочани, а младите нека останат, да продолжат. А ние постарите да одмораме со добро,да не почитуваат сите, да имаме почит еден на друг, рекоа пензионирани работници од “Руен“.

На преиемот по повод свеченоста во “Руен Инокс аутомобиле“ пензионираните работници од фабриката рекоа дека се изненадени што некој се сетил и на нив, нудејќи го своето искуство и знаење за натамошен развој на компанијата.

- Подобро не може да биде, многу му благодариме на менаџерскиот тим на новоформираната фирма, да им поскаме се најдобро, инаку јас сум пензионер, од 17-18 години сум овде и многу сум задоволен што новиот менаџерски тим не покани на оваа убава прослава.... Посебно сум задоволен што ќе се отворат нови работни места за младите и сметам дека ќе биде добро за “Руен“... За младите да има работа, а не е битно кој ќе го земе и како, затоа ние сме презадоволни и мислиме дека ќе биде се најдобро, рекоа пензионирани работници од “Руен“.

Во времињата кога “Руен“ беше гигант во машинската индустрија во Кочани и државата, вработуваше над 1.000 работници, од кои по приватизацијата бројот беше преполовен, а пред да отиде во стечај по вторпат, останаа нешто повеќе од 300 работници. Сегашните пензионери од “Руен“ посакаа фабриката да го врати поранешниот број на работници и да напредува во новите технологии во машинската и автомобилската индустрија.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code