15.07.2014 34-годишниот Сеад Јашаров од Кочани неодамна доживеал непријатно искуство откако наместо да патува кај роднините во Шведска, бил вратен од полициските службеници на аеродромот во Скопје.
Откако ги поминал двете патнички контроли на авионските билети и другите документи, бил запред од полицаец кој му нашол забелешка поради мало оштетување на пасошот и му наредил да се врати назад. Не помогнале ниту објаснувањата од Јашаров дека со истата патна испртава патувал многу пати до сега и дека немал проблеми, а освен тоа поседувал и потребна писмена гарнција за престој кај роднини во Шведска.
- Божем куче ме истераа. Јас имам одено 50 пати, и во Швајцарија и во Германија и во Шведска и никој не ме вратил до сега, еве го печатот.
Ми го зедоа и билетот и гаранцијата, се ми земаа. На гости одам 5-6 пати веќе, имам роднина, имам братучетка, и за жена требаше да отидам, рече Сеад Јашаров.
Јашаров вели дека со себе носел доволно пари, а и роднините во писмената гаранција тврделе дека можат да го примат на гости и да ги поднесат трошоците за неговиот престој кај нив. Сепак, тој не добил објаснување која е причината што бил вратен назад, па се сомнева дека можеби тоа што е Ром било пресудно за одлуката на полицискиот службеник.
- Поради национална основа, емиграција, мислат дека во азил ќе одиме, ете тоа е. Не, не сум барал и немам намера да барам, зошто? Зошто да барам, ако треба и до Стразбур ќе одиме, додава Јашаров.
Поради непријатната случка на аеродромот во Скопје што ја забележале сите патници Јашаров се чувствува навреден и понижен. Се обидел настанот да го пријави во полиција, но постојано добивал иозвестување дека службеникот кој треба да го разгледа неговиот случај е отсутен. Поради тоа изгубил скоро две недели и дури сега ќе бара правна заштита.
Настанот со 34-годишниот кочанец се случил во истиот период кога од аеродромот беше вратена актерката Емра Куртишова, за што медиумите веќе ја информираа јавноста.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}