Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

planinsko selo15.07.2014  Две села во Општина Кочани офиицијално постојат само на хартија. Во нив веќе неколку децении никој не живее, па се водат како населени места без жители. И двете се во планинскиот регион, што се смета за попасивен и без соодветна инфраструктура за одржување на животот во нив.

Со тоа општината е во просекот на регионално ниво на Истокот според населби без население. Сепак, трендот не е запрен и останува заканата дека и други села можат да се запустат.

- Пасаџиково и Вранинци се села без жители, додека во другите села се уште имаме активно население. Безиково е едно од најслабо населените, а кај сите е карактеристика дека живеат стари луѓе и дека во ниедно од тие села немаме ученици.

Последната свадба што е направена во планинскиот дел е во Јастребник, сепак тоа е едно од поблиските села до Кочани, што е направена во 1976 година. Значи, после тоа немаме воопшто ниту една свадба, ниту едно ново раѓање, туку само старците ги одржуват тие простори, односно тие куќи што се во осоговскиот дел, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Миграцијата од економски и социјални причини кон крајот на 20-от век е главниот придонес за планиснките села да опустошат, а нивното население да се пресели во градот.

Димитровски признава дека опасноста за опустошување на други населени места не е отстранета.

- За жал, за она првото што го реков во планинскиот дел тој процес е неповратен, старци кои останаа во 20-тина дела во Осоговијата се над 50-55 години и тие ги оддржуваат тие домови. Нерешавањето на главниот проблем со патиштата, инфраструктурата или одредени села како Главовица, со водоводот, придонесува и тие да сакаат да се иселат од тој дел, додава Димитровски.

Со позитивен тренд не можат да се пофалат ниту селата во рамничарскиот дел на општината, смета Димитровски, каде иако нема целосно осипување на населението, сепак карактеристика на младата генерација е привременото заминување во странство заради обезбедување егзистенција.

Засега шампиони на Истокот според бројот на опустошени населени места се општините Берово и Пехчево, како и соседниот Штип.

T. Aјтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 57 гости и нема членови


web counter



qr code