29.07.2014 Се продоа двете градежни парцели во месноста Прокарка за изградба на објекти за индивидуално домување со компатибилна намена.
Се работи за плацеви со поголема површина од вообичаената што се нудеше до сега, односно едниот зафаќа 808, а другиот 813 метри квадратни. Атрактивноста на локацијата привлече заинтересирнаи купувачи, поради што парцелите лесно се продадоа.
Освен овие две, се продаде и една парцела за објект за времено колективно сместување на Пониква.
Продажбата доаѓа по неколку објави на кои се нудеа плацеви за изградба на хотели во планинскиот рекреативен центар, а за кои до сега воопшто немаше интерес. На аукцијата во петокот се лицитираше за едно градежно место со површина од 1.932 метри квадратни и за него се јави купувач.
Почетната цена по која се нудеа парцелите за изградба на куќи во Прокарка беше 583 денари од квадрат при што имаше само еден чекор во наддавањето, односно беа понудени минималните 60 денари, па новите сопственици ги купија парцелите по нешто повеќе од 10 евра за квадрат.
Двете парцели за хотели на Пониква пак, се нудеа по само 10 денари за метар квадратен, а за едната продадена се постигна цена од 71 денар за квадрат.
На аукцијата се нудеа и шест градежни плацеви во месноста Драчевик за изградба на објекти за мало стопанство, но и покрај искажаниот интерес од еден купувач, не се продаде ниту една парцела.
Од Локалната самоуправа последната аукција на државно градежно земјиште ја оценуваат како успешна со оглед на тоа што во првата етапа пред десетина дена беа продадени и 5 плацеви за викенд куќи на Пониква, како и 7 парцели за изградба на објекти за индивидуално домување на улицата “Ѓорче Петров“ во населбата Драчевик , во Трајаново трло и на улиците “Бел камен“ и “Цветан Димов“.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}