Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

grob kocani30.07.2014  Наместо на минимална длабочина од 1 метар и 60 сантиметри како што налагаат прописите, пред три дена покојник од Кочани бил погребан на само половина метар под површината на земјата.

Приватниот оператор кој бил ангажиран за погребните услуги несоодветно ја завршил обврската, правдајќи се дека земјиштето во градските гробишта каде се наоѓа гробот е карпесто и тешко што се копа.

Семејството на покојникот излезе со реакција за непрофесионалниот однос, иако целосно ја платиле услугата за ископ на гробното место и другите давачки.

- Значи, буквално сандакот е повисоко од земјата, денеска бевме на првото утро по погребот, мириса. Само со камен е затрупан, воопшто нема земја, чудо невидено е оваа работа, рече Винко Томовски, тетин на починатиот.

- Толкави камења врз сандакот да му се фрлат, земја воопшто да нема, тоа беше шокирачко за нас и ние сите, наши блиски, кога видовме што се прави со детето за кое изгоревме, камења толкави, ние сите се изгубивме, рече Магда Петровска, тетка на починатиот.

И покрај маката што ги снашла поради смртта на младиот член на семејството, Томовски веднаш по погребната церемонија реагирале кај лицата кои го вршеле ископот.

- Реагиравме уште вчера, но ни рекоа дека не можело - толку е господине, толку ние копаме, повеќе не може подлабоко. На четириесет сантиметри само цвеќе се сади, а не гробно место и сандак, додава Винко Томовски, тетин на починатиот.

- Реагирав јас кај гробарите зошто гробот не е ископан, тие не ме слушаа, тие се приватни и толку копаат, повеќе не, завршено е. Тоа е, толку тетко копаме, ако треба повеќе барајте си некои други, со тој одговор гробарот ми одговори, рече Зорица Томовска, мајка на починатиот.

Неофицијално, ова не бил прв случај на плитко ископани гробови во градските гробишта. Откако давањето на погребните услуги ги презеле приватни оператори, наместо КЈП “Водовод“, цените пораснале за двојно, но квалитетот на услугите се влошил.

Од општинската комунална инспекција рекоа дека очекуваат официјален допис од семејството, по што ќе се направи контрола на терен. Доколку се покаже дека ископаниот гроб не одговара на стандардите, ќе бидат преземени законски санкции против операторот кој го извршил погребот.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 139 гости и нема членови


web counter



qr code