Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

marina30.07.2014  Празникот Горешници не и е познат на православната црква и традиција, и како таков без причина се празнува на одредени делови во Источна Македонија, а за жал во Кочани има голем култ.

Свештениците објаснуваат дека таков празник не постои, тој е како и секој друг обичен ден во кој слободно може сите луѓе да си ги вршат своите секојдневни обврски. Кај народот постои страв дека доколку некој врши некаква работа во текот на овие денови ќе му се случи несреќа.

Исто така, постои верување дека ако се работи со оган или ако се готви во текот на овие денови до празникот посветен на св. Марина или Огнена Марија ќе се случи несреќа. Посебно дека не треба да се палат свеќи за што свештениците велат дека е глупост и неиздржано верување.

- Светата православна црква денеска го чествува споменот на св. вмч. Марина, кај народот познат како Огнена Марија. Овој ден за жал кај народот е поврзан со некои суеверија и деновите ги нарекуваат Горешници. И обично луѓето практикуваат ништо да не се работи, да не се готви и да не се палат свеќи затоа што во спротивно ќе го снајде несреќа. Сето ова не е познато на Православната црква и учење. Слободно можам да кажам дека деновиве се исти како секој ден и може да се работи, да се палат свеќи, така што ги замолуваме луѓето да не измислуваат глупости, рече Димитар Арсовски, ѓакон.

Свештениците замолуваат да се чува Православието од секакви измислици и суеверија како што е случајот со таканаречените Горешници и во врска со ова повикуваат на здраворазумно и логично размислување.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 99 гости и нема членови


web counter



qr code