Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fzo31.07.2014  Од петок 1 август се воведува автоматско здравствено осигурување за вработените и членовите на нивните семејства без пријава во Фондот за здравствено осигурување, како и добивање на електронски изводи по службена должност од матичната книга за новородени деца, кои досега осигурениците требаше да ги носат во копија за да добијат здравствено осигурување.

Станува збор за две новини што ги воведува ФЗО. Првата се однесува на олеснување на постапката при стапување во здравствено осигурување за лицата кои се вработуваат и менуваат работни места со автоматско стапување во здравствено осигурување кое е овозможено преку електронско поврзување со системот на Агенцијата за вработување.

Тоа значи дека лицето кое ќе се вработи или пак го промени работното место и членовите на неговото семејство автоматски ќе добијат здравствено осигурување без пријавување во Фондот и без ризик од прекин на континуитетот во здравственото осигурување поради неажурност на фирмата.

Втората новина се однесува на поврзување на Фондот со Управата за водење на матични книги. Имено, од 1 август Фондот веќе нема да бара извод од матична книга на родени за новороденчиња за нивно пријавување за здравствено осигурување односно родителите од таа обврска се ослободени бидејќи Фондот по службена должност на електронски начин ќе го добие овој извод од Управата.

За да се пријави едно новороденче потребно е родителот да дојде само да достави пријава за здравствено осигурување и здравствена легитимација на бебето.

Досега, покрај задолжителното одење во две институции имаше задолжителни документи во едната а потоа и копии во другата институција, а ризици покрај непотребното доаѓање во институциите ба фирмите да направат дисконтинуитет или да дојдат во Фондот со задоцнување и автоматски вработените и нивните семејства да немаат континуирано здравствено осигурување што значеше оневозможување да ги добијат одредени права.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 65 гости и нема членови


web counter



qr code