01.08.2014 Во четвртокот попладне во коритото на реката Брегалница кај Истибања случаен минувач забележал човечки труп.
Телото лежело непосредно до водата, во близина на т.н. германски мост што минува низ селото. Веднаш била известени надлежните органи во Полициската станица во Виница, кои заедно со јавен обвинител направиле увид на местото на настанот.
При тоа било констатирано дека се работи за 66-годишната Блашка С. од Истибања. Стручниот увид на телото на починатата жена покажал дека нема траги на насилство, односно оти најверојатно жената починала од природна смрт.
Поради тоа не е извршена ниту медицинска обдукција, а телото на жената е предадено на семејството.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}