Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Listerija05.08.2014  Освен 55-годишната жена, уште едно лице од Кочани е починато од опасната листерија. Последниот месец од смртоносната бактерија во Македонија заболеа 8 лица, од нив четворица починаа, а двајца од починатите се од Кочани.

Одложеното објавување на изворот на бактеријата и починувањето на уште едно лице од Кочани заразено од опасната бактерија кај луѓето предизвика паника. Од Центарот за јавно здравје во Кочани смируваат. Освен двајцата починати ново примени лица заболени од бактеријата нема, информира д-р Натка Каранфилова, специјалист - епидемиолог.

Инаку, постојано се одложува објавувањето на изворот на бактеријата листерија. Експертите велат дека резултатите од мострите кои се испитувале во неколку лаборатории можело да бидат познати за неколку дена и дополнуваат дека таа пракса на прикривање на податоците е на штета на компаниите кои работат чесно и според потребните правила.

Стравот од листерија и фактот што една од можните извори на зараза е месото и преработките, продажбата на месо и месни производи во Кочани ја намали за околу 40 %. Опасната бактерија може да го разболи човекот најрано за 15 дена, но дури и по 70 дена кога со храна ќе биде внесена во организмот. Не се пренесува од човек на човек, но смртноста е многу висока.

Причинителот го има насекаде, но веројатноста да се добие болеста е повисока кај постари лица, бремени жени и лица со послаб имунитет. Веднаш по внесувањето во организмот може да не даде никакви симптоми. Кај здрави лица со подобар имунитет заболувањето поминува со полесна клиничка слика, дијареа, зголемена температура која трае неколку ден и спонтано поминува.

Лекарите и понатаму апелираат во летните месеци да се намали консумирањето на сувомеснати производи, како и на млечните кои се направени од непастеризирано млеко, бидејќи листеријата, за разлика од останатите бактерии живее во поголем температурен распон, и додаваат дека лошо е што бактеријата толерира ниски температури и сол, затоа може да преживее во преработена и конзервирана храна и во храна што се чува во фрижидер. Да се внимава и на консумирањето на путер и кремови, замрзнато месо, овошје и зеленчук и директен контакт со заразени животни.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code