06.08.2014 Случај на полов напад што го извршил жител на Кочани пријавила 25-годишна државјанка на Велика Британија. Во Полициската станица во Делчево таа изјавила дека била силувана од момчето во неговиот дом во Кочани.
Британската државјанка заедно со нејзиното момче имале турнеја со велосипеди низ Македонија и откако го завршиле престојот се упатиле кон Бугарија.
По патот двајцата велосипедисти имале кратка пауза во Кочани, при што девојката се запознала со 25-годишно момче од градот. Тоа ги поканило сите тројца да одат кај него дома на кафе, при што таму девојката побарала тоалет. Домаќинот ја одвел до просторијата и почнал да ја допира по телото. Откако таа го одбила, тој се повлекол.
Подоцна странските државјани го продолжиле патот, а во Полицијата во Делчево пријавиле оти девојката била силувана. Подцна девојката се предомислила и пред полицајците признала дека пријавила силување поради тоа што била во паника, но дека вистински настанот не се случил.
При сослушувањето се извинила и за целиот случај.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}24°C
Кочани