06.08.2014 Заврши изградбата на црквата Св. Тројца во село Мородвис. Останува уште да се комплетира иконостасот, кој се очекува да приситигне во најскоро време.
До почетокот на 14 век постоела Мородвишката архиепископија, како дел од македонската православна црква. Намерата на Општината и црковните власти со изградбата на овој храм е продолжување на вековата традиција на христијанско живеење и славењето на Бога од страна на локалните жители, но и верниците од други населени места.
Камен темелникот на црквата Св. Тројца во Мородвис беше поставен пред две години од страна на Митрополитот Брегалнички Г. Иларион и свештенослужителите од Брегалничката епархија.
Црквата беше изградена со средства од локалниот буџет на Општина Зрновци.
Покрај новоизградената црква Св. Тројца во Мородвис има Свети Симеон Столпник Изградена и осветена е во 1968 година од тогашниот Митрополит Злетовско-струмички Наум, а во 2002 година црквата повторно е обновена.
Нова црква беше изградена и во селото Видовиште. Се наоѓа на сред село во месноста викана Мoгила, веднаш позади селскиот дом. И нејзината изградба во 2012 година, ја финансираше Општина Зрновци.
Г.Лалов
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}