Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

najdobri gimnazijalci 201406.08.2014 Душко Зашев e ученик на генерацијата 2010 – 2014, а Алиса Крстова и Елена Тасева најдобри ученици со континуиран одличен успех. Во Гимназијата „Љупчо Сантов“ доделени дипломите на завршените средношколци.

- Многу сум задоволен и среќен што сум прогласен за ученик на генерацијата. Сите четири години се трудев максимално за да бидам одличен. Четирите години поминаа брзо но и напорно. Можам да кажам дека професорите се добри и не подржуваа во се, рече Душко Зашев, ученик на генерацијата.

-Ја добив дипломата за завршено средно образование како ученичка со континуиран одличен успех и многу сум задоволна. Ќе го продолжам образованието на економскиот факултет во Скопје, рече Елена Тасева, најдобра ученичка со континуиран одличен успех.

Од септември учениците ќе учат во реновирана зграда со обновен амбиент, со задоволство истакна директорот на училиштето.

-Од први септември ќе ја очекуваме новата генерација ученици во прва година во реновирана зграда. Градежните работи се завршени денеска се поставува громобранската инсталација и во претстојниот период засилено ќе работиме на расчистување на градежниот шут и дворното место, рече Лазар Димитријев, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Матурантите кои денеска си ги зедоа заслужените дипломи со свои планови за продолжување на образованието.

Инаку, во текот на овој месец ќе се одржи полагањето на државната матура во августовскиот испитен рок, а ќе се одржи и екстерното тестирање. Тоа се термини за оние ученици кои од оправдани причини не полагале матура во текот на јунскиот испитен рок и ученици што не успеале да го положат некој предмет во истиот рок. На 11-ти месецов кандидатите ќе полагаат македонски јазик и литература, на 13 август странски јазик, на 14-ти математика основно и напредно ниво, естетика и филозофија и на 16 хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Интерните предмети матурантите ќе ги полагаат од 19 до 23 август. Екстерните тестирања пак, ќе се одржат на 14, 15 и 18 август. Три дена пред полагањето учениците ќе бидат информирани кој предмет ќе го полагаат.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 47 гости и нема членови


web counter



qr code