Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

hiv aids07.08.2014  Две лица од Кочани влегуваат во групата од 26 случаи во Македонија кои до почетокот на август се регистриани како ХИВ и СИДА ризични. Едно од нив е ХИВ позитивно, а другото е заболено од СИДА. 

Според д-р Жарко Караџоски, началник на одделението за ХИВ/СИДА и сексуално преносливи болести во Институтот за јавно здравје од Скопје годинава има поместување на старосната граница на заболените, односно доминираат млади луѓе на возраст од 20 до 29 години.

Бројката е сериозна затоа што во текот целата година лани имало регистрирани вкупно 27 заразени.

- Дваесет и пет се од машки пол, едно лице е од женски пол. ХИВ/СИДА во светски рамки кога ќе ја посматраме секаде бројот на заболени меѓу машкиот и женскиот пол отприлика е 50:50, меѓутоа во Република Македонија за жал бројот е 95 отсто од машки,а само 5 посто се од женски пол. Доминираат со 70 проценти или 18 случаи мажи кои имаат секс со мажи, 23 посто од случаите се хетеросексуален пренос, за две лица немаме статус, односно начин на трансмисија на ХИВ вирусот. Како што гледате немаме од мајка на плод за првпат во оваа календарска година и подолг временски период од 8-9 години немаме случаи на пренесување на ХИВ вирусот кај лица кои инјектираат дрога, рече Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје – Скопје.

Според Караџоски полемиот број новооткриени случаи со ХИВ/СИДА е резултат на тоа што повеќе луѓе се тестираат и најави дека за следната година, преку превентивните програми на Министерството за здравство, ќе се одвојат повеќе средства за набавка на повеќе тестови. Тој потсети дека се работи за опасна болест со смртни последици.

- Се работи за болест од која се умира. На времето, кога првпат ги дававме овие информации, како што гледате, од 8 заболени во таа календаска година 8 се умрени. Сега како што гледате од 23-24 заболени има 1,2,3 до 5 умрени. Значи, животниот век на овие лица се продолжи и болеста стана хронична и долготрајна. Во календарската година за сега има 2 лица кои се починати од СИДА, додава Караџоски.

Најголем број од заболените се од Скопје - 16 лица, а тројца се во Куманово. Две заболени лица има во Свети Николе и по едно во Тетово, Струмица и во Кочани. Во соседниот Штип има само еден ХИВ позитивен

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 199 гости и нема членови


web counter



qr code