07.08.2014 Верниците се подготвуваат за прославата на Св. Петка. Култот кон светицата е многу развиен во овие краиштa. Гости очекуваат сите манастири во околината чиј патрон празник е на 8-ми август.
Еден од најмаркантите и најтешко пристапните манастири е оној лоциран над селото Видовиште. До него се стигнува по пробиен но исклупитлено лош пат. Празнувањето на Св. Петка овде е децениска традиција.
-Ме влече овде затоа што потекнувам од Видовиште. Сум помагал многу во градењето на комлексот. Неодамна беше изграден конак, а работите продолжуваат и понатаму, рече верник кој го затекнавме кај манастирот.
На прославата на Света Петка кај манастирот во Видовиште пред 8 години на семејна фотографија се појавила мистериозна жена во црно, за која многумина веруваат дека е света Петка. Оттогаш на местото масовно доаѓаат верници да се помолат. Живописна природа, дрвја со крупни плодови, чаеви, чешма со чиста и студена планиска водае описот на ова свето место.
Уште еден манастир кој го носи името на Св.Петка е лоциран кај Соколарци. Манастирот е од понов датум. Не доаѓа свештеник, но доаѓаат голем број луѓе. Таму се вршеле последните подготовки. Се средуваше трпезаријата, а на широката полјана се поставуваа тезгите каде се нуди од храна до разни дреболии.
Овој манастир има поинаква историја. Мирјана Димитрова од селото Соколарци , по речиси една година борба со тешка болест откако легнала неподвижна успеала да се излекува откако и се јавиле гласови насон за кои таа смета дека се на светци и и рекле да изгради црква. Мирјана вели оти тогаш и се случиле многу чудни нешта.На сон и се јавила и света Петка, која од неа побарала да изгради црква покрај изворчето и да ги лекува луѓето кои имаат некаква мака.
Г.Лалов
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}