Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Opistana-cesinovo-oblesevo2.jpg11.02.2013 Последните информации од изминатата недела велат дека актуелниот градоначалник Јорданчо Лефков и понатаму се надева на поддршка од целата владина коалиција како кандидат на ДОМ која објави дека на изборите ќе настапи со самостојна советничка листа.

Од ВМРО-ДПМНЕ најсериозна закана се поранешниот директор на Водостопанство „Брегалница“ Горанчо Зашов, Костадин Личков, Зоран Иванов, директор на Центарот за управување со кризи, директорот на комуналното претпријатие Игор Јанев, како и комуналниот инспектор Борче Сандев. Во игра се уште неколкумина кандидати, но нивните шанси се значително помали.

Од Сојузот за иднината ќе атакуваат двајца поранешни градоначалници. Орце Митров, кој беше на чело на Чешиново - Облешево од 2005 до 2009 и Ацо Арсов, поранешен градоначалник на Облешево од редовите на тогашната коалиција помеѓу Либералната партија и ВМРО-ДПМНЕ. Шанси да биде кандидат за градоначалник има и претседателот на ОО на СДСМ Горан Крстев. 

Појасно не е ниту со советничките листи. Голема е веројатноста нив да ги предводат оние што ќе извисат како кандидати за градоначалник. Од партиските организации велат дека останатите места генерално се распределени, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Општинската Организација на СДСМ и ќе мора брзо да ја донесат одлуката, затоа што законскиот рок за пријавување на кандидатурите до ДИК истекува во сабота на полноќ.

Првите денови од практикувањето на локалната власт пред 4 години останаа запамети по масовното делењето откази од страна на градоначалникот Лефков на вработени во локалната администрација, настани кои добија национална димензија, а кратко потоа стигна и кривичната пријава за екс -градоначалникот Митров поради сомнение дека ја оштетил Општината за над 2 милиони денари.

Г. Лалов

Сподели

Jordanco-Lefkov 1Opistana-cesinovo-oblesevo

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 204 гости и нема членови


web counter



qr code