11.08.2014 Четири сообраќајни несреќи во Кочани и околината се случија во текот на изминативе 24 часа. Во нив се повредени вкупно 11 лица на различна возраст.
Повредените се од Кочани, Виница, Берово, Македонска Каменица, Штип и Струмица. Од нив осум се мажи и три жени. Сите првично се однесени во кочанската Општа болница од каде четворица поради сериозноста на повредите се препратени на трауматолошката клинига во Скопје.
Од тешко повредените што се испратени на скопската клиника две се жени, од кои едната во петтиот месец од бременоста. Двајца од повредените се задржани на лекување во кочанската болница и се уште се на интензивна нега во хируршкото одделение, информираат од болницата.
Останатите 5 по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување.
Причината за сообраќајните несреќи најверојатно е неприлагодената брзина на условите на патот и непочитувањето на поставените сообраќајни знаци и предноста на минување.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}