Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

akva park kocani12.08.2014  Локалната самоуправа на Кочани е упорна во намерата на просторот кај градскиот базен да никне забавен и аква парк. Оваа идеја првпат беше најавена уште пред околу 7 години, кога во Македонија никој не споменуваше изградба на таков објект.

Проектот доживеа и официјална презентација, а се споменуваше скоро при сите посети на странски инвеститори и амбасадори.

Просторот каде е планиран паркот и понатаму стои празен, обраснат во трева, без очигледна најава дека се планира наскоро нешто да се гради. Сепак, од Општината велат дека не се откажуваат од идејата, затоа што имало интерес кај потенцијалните инвеститори кои се распрашувале за можноста да вложат во изградба на објектот.

Градоначалникот Димитровски, кој на последната седница на Советот беше прашан што се планира со просторот, рече деталниот урбанистички план ќе се задржи, односно нема да има пренамена на земјиштето.

- Според Деталниот урбанистички план што го имаме, таму е предвидено да има аква-парк, да има спортски терени, да има хотели и слично. Имаме постојано разговори, дури и денеска имаме едни потенцијални инвестиори кои сакаат да го искористат тоа, и топлата вода и постојните објекти што ги имаме, како стадионот, базенот, тениските терени, кошаркарскиот терен, мини голфот и сето тоа, како еден комплекс е предвидено да биде, како еден спортско-рекреативен центар, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Во планските документи стои дека аква-паркот е планиран на површина од околу 14 хектари, а според почетните предвидувања за негово целосно комплетирање потребни се над 4 милиони евра.

Сепак, за сега тој се останува само на хартија, а во меѓувреме други градови веќе изградија такви објекти, со што Кочани ја пропушти шансата да добие прв аква-парк во државата.

T. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code