13.08.2014 56-годишната Ленче Ц. од Кочани почина како резултат на тешките телесни повреди со кои се здоби во сообраќајна несреќа што се случи изминатиот викенд.
Сообраќајката се случила во неделата вечерта на регионалниот патен правец меѓу селата Тркање и Бања, при што се судриле две возила со кочански и винички регистерски таблички. Од ударот со повреди се здобиле неколку лица, меѓу кои и сега починатата жена.
Поради сериозноста на повредите тие најпрвин биле однесени во кочанската Општа болница, а дел од нив потоа се препратени на трауматолошката клиника во Скопје. Два дена по несреќата жената која била во едно од возилата им подлегнала на повредите.
Како што Канал 8 веќе информираше, изминатиот викенд во Кочани и околината се случија 4 потешки сообраќајни несреќи во кои беа повредени вкупно 11 лица, при што четворица беа пренеси на лекување во Скопје, меѓу кои и една жена во петтиот месец од бременоста.
T. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}23°C
Кочани