13.08.2014 Сите правни субјекти кои се вклучени во прометот на стока и услуги ќе мораат досегашните фискални каси да ги заменат со нови. На тоа ги обврзуваат измените во законот за фискализација што започнаа да важат од 4 август.
Новите фискални уреди ќе имаат техничка можност за директно поврзување со компјутерскиот систем на УЈП, со што тековно ќе се следи прометот и наплатата на данокот на додадена вредност.
Новините што ги носат измените беа образложени со потребата да се отстранат девијантните појави во плаќањето на даночните давачки и намалувањето на т.н. сива економија. Добавувачите на фискални апарати и нивните деловни претставници подготвено ги дочекаа измените во Законот и веќе ги примиле првите нарачки за новите уреди.
- Со новата фискализација сите фискални апарати ќе се заменат со нови во кои ќе има веќе вградено ГПС криптогарфски запис и поделба на македонски производи, односно посебна група во која ќе се искажуваат македонските производи. Постоечките каси ќе излезат од фискализацијата и ќе се заменат со новите уреди, старо за ново нема да се прави, а префискализација може да се направи само на новите принтери ПФ500, кои ќе бидат ПФ550, но тоа ќе биде за првата група во која влегуваат бензинските, аптеките, маркетите, односно фирмите што имаат поголем профит, рече Ратка Данилов од “Техномедиа“ - Кочани.
Во првата група каде ќе се направат промените на фискалните уреди влегуваат даночните обврзници кои лани имале промет со 10 милиони денари, како и бензинските пумпи и угостителските објекти кои со системот на УЈП ќе мораат да се поврзат најдоцна до 31 октомври годинава.
Трошоците за набавка на новите фискални апарати ќе мораат да ги платат самите правни субјекти, но според одредбите тоа нема да биде целосно нивен трошок.
- Коминтентите го вршат плаќањето, додека државата ги рефундира парите, значи уплатата ќе правата лицата, при што подоцна со посебен формулар ќе им се рефундираат парите, додава Данилов.
Со измените во Законот за фискализација за сега во Кочани се запознати малку фирми или пак тие чекаат подоцна да ја извршат замената на фискалните уреди, поради што многу малку пројавиле интерес да купат нова фискална каса.
Целиот систем треба да се заокружи до јануари идната година, а од УЈП очекуваат дека со него за околу 25 отсто ќе се намали појавата да се избегнува плаќањето даноци.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}