Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradec voda14.08.2014  Четири дена жителите на виничко Градец се без вода за пиење. Селскиот водовод им е нефункционален оти тешки камиони кои носеле огревно дрво и трупци од Плачковица ја прекинале главната доводна цевка.

Селаните сами го граделе водоводот, па сами се грижат и за неговото одржување. Велат дека не можат да постигнат со поправките на доводната линија оти штом ќе ја поправат, за ден-два таа повторно се оштетува и чешмите им пресушуваат.

- Секој ден имаме проблеми, луѓето се без вода, немаме ни за пиење. Никако не се снаоѓаме, некој со туби. Кој има превоз оди од друго место да полни, кој нема, така сме...Алишта само трупаме и чекаме да се поправи водата, па тогаш да переме, онака нема шанси.

За готвење се снаоѓаме, нешто купуваме, нешто од Виница одиме и така... Тие цевки, водата не да не се прави, четири пати ја поправаа онаму каде што е дефектот, ама џабе е кога тој камион со товар ќе помине и цевката ќе пропадне. На нив треба да им се каже да зајакнат таму, за да нема проблем, велат жителите на Градец.

Селаните реагираат што никој не презема мерки да се спречи оштетувањето на водоводната линија од која сите се снабдуваат со вода. Сметаат дека можеби некој намерно им дозволува на тешките камиони кои доаѓаат од Куманово да им прават проблеми.

- По мое мислам дека сакаат да го присвојат, па утре ќе плаќаме не 100 денари, туку по 1000 денари.... Знаат самите, нема на кој да се жалиш, знаат и во Општина, и секаде знаат. Јас синоќа се туширав со половина литар вода... На овие горештини, 40 температура, немаш вода ни за капење, ни за миење, очи не можеш да си измиеш, а не за капење, рекоа жители на Градец.

Жителите на Градец се закануваат дека ќе го блокираат патот кон планината за да ги оневозможат тешките камиони да им го уништуваат водоводот. Велат дека веќе нема да трпат некој поради личен интерес да прави колективна штета, што може да има и посериозни здравствени последици.

T. Aјтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 153 гости и нема членови


web counter



qr code