Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dolgovi otpis18.08.2014  Голем интерес пројавија граѓаните на Кочани уште на првиот ден од рокот за отпишување на дел од долговите за струја, радиодифузна такса, кредити и слични обврски. Во Центарот за социјални работи рекоа дека се реорганизирале просторно за да можат што поефикасно да им одговорат на сите оние кои сакаат да поднесат барање за отпис.

Имало и лица кои доаѓаат за да добијат подетални информации дали се опфатени со законската одредба што ја донесе Владата, односно кои документи им се потребни при поднесувањето на барањето.

Од Центаот рекоа дека отпис на долговите ќе се врши кај три категории граѓани, односно кај приматели на социјална или постојана парична помош, кај невработени лица кои се активни баратели на работа подолго од 12 месеци и кај лица кои поради здравствената состојба или смрт на брачен партнер од 2009 година до денес се оневозможени да остваруваат приход.

- Пoтребна документација за сите три категории е фотокопии од личните карти за себе и брачниот партнер, фотокопија од изводот од матична книга на венчаните доколку лицата се во брачен однос, ако се работи за починат брачен партнер треба фотокопија од извод од матична книга на починати или медицинска документација доколку долгот настанал поради сопствен инвалидитет или инвалидитет на брачниот партнер. Покрај овие документи потребна е и фотокопија од последната неплатена сметка или ако се работи за банка, фотокопија од трансакциската сметка во банката во која е настанат долгот, рече Весна Даневска, директор на Центарот за социјални работи – Кочани.

Останатите потребни документи, велат од Центарот за социјални работи, се прибавуваат по службена должност, за што лицата кои поднесуваат барање за отпис потпишуваат и изјава.

- Ова е само за еднократен отпис на долговите, значи поднесувањето на барањата е во рок од 30 дена, а понатаму Министерството за финансии, односно Владата си формира комисија која ќе ги разгледува барањата и одговор ќе достават до барателите на овој еднократен отпис на долгови и мислам дека целата постапка би требало да заврши до крајот на октомври 2014 година, додава Данева.

Дел од лицата кои на првиот ден до пријавувањето за отпис дошле да се информираат за процедурата, веќе поднеле и барања со потребната документација.

Од Центарот за социјални работи не можеа да соопштат колкав е потенцијалниот број на баратели, затоа што не се работи само за социјално загрозени кои се во нивната евиденција, туку опфатот е поширок, поради што конкретни податоци ќе се добијат по истекот на законскиот рок за пријавување.

 T. Ajтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

 {youtube}

|700|525|0{/youtube}

 


Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code