Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Soobrakajka  centar20.08.2014 Две малолетни девојчиња се повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 19 часот се случи на патот Кочани - брана Гратче.

Девојчињата се движеле во правец брана Гратче - Кочани кога од засега непознати причини изгубиле контрола над велосипедите со кои се движеле и паднале по што веднаш се однесени на Итната помош во кочанската Oпшта болница.

По укажаната помош едното девојче е пуштено на домашно лекување, а другото поради сериозноста на повредите e препратено на ортопедија во Штип.

Втората сообраќајна несреќа се случи околу 16 часот на крстосницата на улиците “Тодосија Паунов“ и “Никола Карев“ во Кочани каде се судриле два автомобили. За среќа без повредени лица, а причинета е само материјална штета.

Причината за сообраќајните несреќи најверојатно е неприлагодена брзина и непочитување на првенството на минување. Заради зачестените сообраќајни несреќи деновиве, полицијата апелира на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и првенството на минување.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 153 гости и нема членови


web counter



qr code