Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Crven-Krst-1.jpg14.02.2013 Волонтерите на клуб на млади од ОО на „Црвен Крст“  од  Кочани денешниот празник „Св. Валентин“  го прославија со активности кои се за поздравување. Изработија разни мечиња, срциња, украси и честитки и ги продаваа по симболична цена. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на загрозено семејство.

-Денеска спроведуваме мала активност за да го одбележиме денешниот ден „Св. Валентин„. Направивме разни срциња, честитки, мечиња и ги продаваме. Парите ќе бидат наменети во хуманитарни цели, рече Александар Панов, лидер на клуб на млади во ОО на „Црвен Крст“ Кочани.

Кочанци ја покажаа својата хуманост. Купуваа од изработките на активистите и затоа акцијата беше успешна.

Двата штанда кои беа поставени во трговскиот центар, едниот од 12 до 14 часот и другиот  од 17 до 20  за кратко време  се испразнија и сите изработени предмети беа продадени. Волонтерите на клубот на млади на ОО на „Црвениот Крст“ од Кочани секоја година на ваков начин помагаат на загрозени семејства што им се потребна финансиска помош.

Т. Велкова

Сподели

Crven-Krst-4Crven-KrstCrven-Krst-2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NE при 11 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code