Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

MVR09.09.2014  Во просек за едно работно место на огласот на Министерството за внатрешни работи аплицирале по 40 лица. Имено, за вработување на 50 извршители со високо образование досега се пријавиле повеќе од 1900 граѓани. Од аплицираните има и од Кочани, велат од Полициската станица, но не можат да ја кажат точната бројка на апликации затоа што истите не се поднесуваат во кочанската полициска станица, туку директно во СВР - Штип или по пошта.

Иако рокот за аплицирање помина, оваа бројка на аплицирани според МВР не е конечен, бидејќи дел од заинтересираните своите документи ги пратиле по пошта и ќе пристигнат со задоцнување од неколку дена.

На огласот се бараат високо едуцирани кадри од областа на информатичката, телекомуникациската технологија, правници, економисти како и лица кои дипломирале на факултетот за безбедност.

Во следниот период тие ќе поминат тестирања, интервјуа, здравствени прегледи кои според Министерството ќе трае со месеци со оглед на големиот број апликанти.

Покрај високото образование кандидатите најпрво беше неопходно да се државјани на земјава, да се на возраст од 18 до 30 години, да бидат здравствено и психофизички способни, како и досега да не им била изречена казна забрана за работа. Покрај англискиот јазик, за нивна предност ќе се смета познавањето на други странски јазици.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code