10.09.2014 20-годишната Викторија Хубер Здравкова од село Мородвис, која времено живее во Берн, Швајцарија на 15 години стана светски првак во карате на натпреварот во Рим во 2009 година.
По малата повреда што ја имала на ногата и по извесна пауза таа одлучува да ја продолжи кариерата, но овој пат да ги истакне своите квалитети и преубавото тело, во спортот за кој таа оддамна сонувала - натурал боди билдинг. Се пријавила за учество на натпревар во Бостон, САД и за само две години во силна конкуренција во селекција од 20 девојки ја добива титулата Светски шампион во натурал боди билдинг.
Годинава Здравкова повторно ќе учествува на натпреварот што на 15 ноември ќе се одржи во Бостон и ќе ја брани титулата светски шампион.
Сега интензивно се подготвува за тој важен натпревар и е на строг режим на исхрана, рече нејзиниот татко Виктор Здравков, кој додаде дека она што е квалитетно во Македонија не знаеме да го цениме, но затоа пак доста е почитувано во странство, па тоа е една од многуте причини зошто младите бегаат од Македонија.
Инаку, Викторија Здравкова е родена во село Мородвис, нејзиниот татко е од Мородвис, а мајка и од Швајцарија. Студент е на втора година на Економскиот факултет во Берн, Швајцарија. Вели најголема желба и е да се врати во Мородвис, но обврските со нејзината работа и постигнување на целта бранење на титулата светски шампион не и го дозволуваат тоа.
Швајцарските и американските весници често пишуваат за неа, па на насловните страници го носи епитетот „девојката со најубаво тело во светот“.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}