10.09.2014 68-годишниот К.И. од Виница се здобил со потешки повреди во сообраќајната несреќа што во вторникот околу пладне се случила на локалниот патен правец меѓу виничките села Драгобраште и Грљани.
Виничанецот управувал мопед “херк 58“ и во еден момент дошло до судир со патничко возило “застава 750“, управувано од 42-годишниот Б. А. од селото Калиманци. Несреќата се случила кај месноста Чукар, каде и порано имало неколку слични инциденти.
Од ударот виничанецот се здбил со потешки повреди по што веднаш бил префрлен во Општата болница во Кочани. По укажаната медицинска помош, а поради здравствената состојба во која вил повредениот, кочанските лекари подоцна го препратиле на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Полициски службеници направиле увид на местото на несреќата што треба да ги разјасни околностите под кои дошло до судирот.
Неофицијално, ќе се проверува техничката исправност на “фиќото“ што учествувало во сообраќајката затоа што според сообраќајната евиденција било нерегистрирано. Неговиот возач поминал без повреди.
T. Aјтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}