Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Fiskalni Uredi10.09.2014  Воведувањето на измените во Законот за регистрирање на готовинското плаќање и користењето на новите фискални уреди кои имаат посебн GPRS додаток, крипто модул и SD и SIM картички се уште е новина за поголемиот број деловни субјекти. Тоа беше причина фирмите “Техномедиа“ од Кочани и “Акцент“ од Скопје, кои се добавувачи на фискалните апарати, да одржат презентација за менаџерите и управителите на фирмите, како и за вработените кои се задолжени за сметководствено работење.

На презентацијатија беа прикажани уредите од моделот “Синерџи“, а инженерски тим подеталнио ги претстави нивните тејхнички можности.

Презентацијата се организираше во соработка со Здружението на финансислки работници на Македонија, при што беше дадено детално обајснување за измените во Законот за фискализација.

- Роковите за фискалните уреди со GPRS во склоп на регистрирањето на готовинските плаќања се следни: до 31 октомври оваа година треба вакви уреди да набават сите даночни обврзници кои минатата година имале промет над 10 милиони денари. Во втората група спаѓаат сите трговци на мало со нафтени деривати, односно бензинските пумпи и во третата група се сите оние даночни обврзници кои вршат угостителски дејности. По завршувањето на рокот за овие групи, следи уште еден рок за останатите даночни обврзници кои треба да набават вакви уреди, до 31 јануари 2015 година. Со тоа ќе заврши процесот, односно ќе има комплетирање на фискалното регистрирање на готовинското плаќање во Република Макеоднија, рече Славко Лазовски од Здружението на финансиски работници на Макеоднија

УЈП ги образложи измените во Законот со потребата да се отстранат девијантните појави во плаќањето на даночните давачки и намалувањето на т.н. сива економија. Целиот систем треба да се заокружи до јануари идната година, а од Управата очекуваат дека со него за околу 25 отсто ќе се намали појавата да се избегнува плаќањето даноци.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 58 гости и нема членови


web counter



qr code