Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Gradinka 312.09.2014  Нутриционистички менија во градинките е новиот проект на Министерството за труд и социјална политика што започна да се имплементира од оваа година. И кочанската градинка го практикува истото и менито го дефинира според стандардите на Светската здравствена организација.

Тоа ќе значи дека децата во градинкaтa повеќе нема да јадат паштета, салами и маргарин, туку храната во целост ќе биде подготвена во кујните по образовните институции, со свеж зеленчук, овошје, млеко и месо.

Храната ќе биде здрава, оптимална и балансирана, подготвена со биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби на децата.

Квалитетен и квантитетен внес на микро и макро нутритивни материи со што ќе се обезбеди хармоничен раст и развој на децата како и превенција од заболувања. Укажувањето од Министерството за новото мени пристигна и во кочанската градинка.

- И кај нас стигна укажувањето од Министерството за труд и социјална политика да се внимава со подготовката на храна за децата. Тоа значи дека на децата треба да им подготвуваме здрава и балансирана храна, вклучувајќи поголеми количества овошје и зеленчук како и житарки. Сакам да споменам дека овие препораки кои се доставени од Министерството нашата градинка ги практикува подолг период, со цел да се спречи зголемувањето на телесната тежина кај децата, рече Јованка Ефтимова, одговорен воспитувач во ДГ „Павлина Велјанова“.

Во храната ќе бидат вклучени интегрални житарки со посебен акцент на белиот леб да се замени со интегрални видови на леб. Зачинувањето на салатите и супите ќе бидат со масло за јадење од сончоглед, тиква сусам или маслинки. Белиот шеќер ќе биде исфрлен од употреба а засладувањето ќе биде со мед или кафеав шеќер.

Нутриционистичките менија се воведуваат по алармот на лекарите дека се повеќе деца имаат прекумерна тежина зашто се понездраво се хранат. Ангажирани се нутриционисти кои ќе го подготвуваат новото мени за во предучилишните установи и ќе внимаваат на балансот на сите хранливи состојки од храната, колку белковини, масти или витамини треба да изеде едно дете во текот на денот според возраста.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 51 гости и нема членови


web counter



qr code