Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bolnica2415.09.2014   Пристигнаа двата нови апарати за потребите на интерното и анестезиолошкото одделение во кочанската Општа болница.

Станува збор за последните два од вкупната набавка на апарати за потребите на болницата. Се работи за ехо-кардиограф, односно апарат за ехо на срце кој е повеќенаменски, со него освен срцето може да се следи и функцијата на тироидната жлезда и абдоменални органи. Таков апарат досега Општата болница немаше и пациентите беа испраќани во штипската клиника.

-Апаратот е инсталиран и наредниот месец ќе работиме на техничка обука на апаратот од страна на добавувачот на опремата заедно со нашите лекари.

После месец и половина ќе имаме генерирано термини во кој ќе можат да се закажуваат прегледите преку специјалист интернист. Ваков апарат прв пат се набавува во нашата болница и со тоа добиваме на квалитет и нова услуга. Инаку апаратот е неопходен за голем дел од интернистичките прегледи посебно на срце, рече Дејан Апостоловски, директор на Општа болница - Кочани.

Вториот апарат кој пристигна е оксилог или апарат за вештачка вентилација при транспорт на критично болни пациенти за потребите на анестезиолошката служба.

- За прв пат добиваме оксилог или вентилатор чија намена е при транспорт на критичните пациенти на кои им се нарушени виталните параметри да им се обезбеди дишење, а при тоа рацете на докторот да бидат слободни да помогне на пациентот, што не беше случај досега кога белодробната функција ја вршење сестрата или лекарот со помош на друг апарат. Бенефитот од новиот апарат е огромен и за пациентот и за лекарот, рече д-р Оливера Цимбаљевиќ, специјалист анестезиолог.

Вредноста на ехо апаратот е 1 милион и 240 илјади денари, а на оксилогот 300 илјади денари, средства од буџетот на Општа болница што ќе се исплаќаат до февруари 2015 година, како што е предвидено согласно тендерската документација.

Со овие два апарати се комплетираше набавката за 2014 година во вкупна вредност од 3 милиони денари. Тука спаѓаат кардиолошко ехо и два современи 12 канални ЕКГ-апарати за потребите на интерното одделение, ЦТГ-апарат , нов акушерски стол за гинекологија, монитор со капнограф за потребите на анестезиолошката служба, два нови апарати за физикална медицина нови апарати за испитување остеопороза, колкови на бебиња и апарат на лабораторија и комплетно опремено ново санитетско возило.

Во 2015 ќе следува набавка и доопремување на нови апарати за потребите на Болницата.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code