Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

klupi17.07.2013  Ниту една клупа не е поставена на улицата “Тодосија Паунов“, на потегот од Градскиот парк до излезот на градот кај СОУ “Ѓошо Викентиев“.

Граѓаните реагираат дека на делницата долга околу 2 километри не постои место каде може да се приседне по пешачењето, иако тротоарот има доволна широчина за поставување урбана опрема. Тие oчекуваат Локалната самоуправа да поведе поголема грижа, не само за жителите на централното градско подрачје, туку и за оние што живеат во околните населби.

- Јас сега доаѓам од Штип, да се поставт овде некои клупи, па да се направи некој украс, да се стави цвеќе, за милина е тоа таму што го видов... Нема каде да одмориш никаде, клупи нема и одмор нема, на улица падни и умирај, тоа е, рекоа граѓаните.

Пред околу 4 години во Општината беше промовиран проект за поставување 100 нови клупи во градот, за што дури и граѓаните, преку општинската веб страница можеа да се изјаснат кој модел да се избере.

За волја  на вистината, се остана само на планирање, а оттогаш не се постави ниту една од ветените клупи. Во плановите воопшто не беше влезена улицата “Тодосија Паунов“, иако е една од главните сообраќајни врски во градот.

Барањето на граѓаните за поставување урбана опрема се најде и на последната седница на Советот, а одговор се обиде да даде градоначалникот.

- Ние ќе се погрижиме, ќе го задолжиме КЈП “Водовод“ и урбаната заедница број 1 да изнајдат места каде ќе бидат поставени клупите, но тие треба да се чуваат, затоа што имаме голем проблем со чувањето на имотот кој што е таков, рече Ратко Димитровски, градоначалник  на Општина Кочани.

Освен клупи, по должината на целата улица што води кон населбата Усова чешма нема ниту натстрешници на постојките на локалните автобуски линии, па граѓаните се принудени да чекаат и на сонце и на дожд, во зависност од временските прилики.

Затоа тие со право бараат Локалната самоуправа во плановите за поставување автобуски постојки што беа ветени за дел од селските населби во општината, да поведе поголема грижа и за овој дел од градот.

Т. Ајтовски

Сподели

klupi2klupi5klupi4klupi3

klupi3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник1°C/8°C
Вторник6°C/11°C
Среда3°C/13°C
Четврток2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code