Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rotari316.09.2014   „Вечер на вино и колачи“ организираше Ротари клубот - Кочани во хотелот “Центробизнис“. Настанот имаше хуманитарен карактер.

Присутни беа членовите од Ротари клубот и Ротаракт клубот составен од младите членови од 18 до 30 години, како и гости и пријатели од Кочани и Виница кои со свој скромен придонес ќе им помогнат на оние на кои им е потребна помош и собраните средства од котизацијата ќе ги донираат на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Виница.

На вечерта имаше донации за дегустација на вино и колачи од разни компании кои ја покажаа својата хуманост.

- Средствата ќе ги поделиме на две институции во Виница, а тоа се Дневниот центар на лица со посебни потреби ќе донираме еднодневна екскурзија до Скопје каде ќе имаат можност да ја посетат зоолошката градина, историско – културни споменици. Другата половина од средствата ќе бидат наменети за обнова на ѕидовите во ОУ „Славчо Стојменски“ - Виница, рече Глигор Цветанов, претседател на  Ротари клуб - Кочани.

Дел од собраните средства ќе бидат наменети за обнова и реновирање на ОУ „Славчо Стојменски“ од Виница.

-Донацијата се состои од средства кои што ќе бидат наменети за набавка на боја за бојадисување на цоклињата на ходниците и училниците во училиштето, рече Јордан Стојанов, директор на ОУ „Славчо Стојменски“ Виница.

Ротари клубот со вакви донации и хуманитарни настани ќе продолжи и понатаму, рече Цветанов и додаде дека Ротари клубот оправдано за време на годишните одмори беше со намалени активности но од септември продолжуваат со засилено темпо на работа. Веќе во понеделник на 22 септември организираат едукативно предавање на тема „Превенција од кардиоваскуларни заболувања“ чиј предавач ќе биде д-р Кирил Шуперлиски, специјалист – интернист, инаку член на Ротари клубот. Предавањето ќе се одржи во хотелот „Гратче“.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови


web counter



qr code