Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakajka17.09.2014  51-годишниот Ацо С. oд Штип утрово околу 5,30 часот загина во сообраќајна несреќа што се случи на една од непрегледните кривини помеѓу селата Чардаклија и Долни Балван.

Тој управувал патничко моторно возило “форд фиеста“ во правец на Штип, при што во критичниот момент се судрил со автобус што доаѓал од спротивен правец. Според информациите, во автобусот се превезувале градежни работници кои тргнале на работа во Кочани.

На местото на несреќата во извлекувањето на загинатиот возач интеревенирале и штипските пожарникари. Во сообраќајката никој од нив не е повреден. Од силниот удар автомобилот е тотално уништен, а материјална штета има и кај автобусот.

Делницата од 30-тина километри меѓу Штип и Кочани е позната црна точка по целата нејзина должина и на неа се случиле голем број сообраќајни несреќи со човечки жртви. Возачите потврдуваат дека е опасно да се вози, иако често и самите предизвикуваат ризични ситуации.

- Препорачувам брзината да си ја прилагодат, да не возат брзо, затоа што тука е ограничено на 70 килoметри на час, а возат по 100, јас скоро имав сообраќајка и знам дека не е како што треба... Ако возиш убаво и свесно се е добро, а ние возиме повеќе, да ти кажам искрено. А овие две кривини се лоши, no за мене не е опаснo, рекоа возачите.

Увидот на местото на несреќата направија полициска екипа и јавен обвинител, а нивните наоди треба да ги објаснат причините и околностите под кои таа се случила. Додека траеше увидот, сообраќајот меѓу Кочани и Штип беше во прекин околу 4 часа.

T. Ajтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 181 гости и нема членови


web counter



qr code