Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

spancevo18.09.2014  Три убиства за само девет месеци му ја донесоа неславната шампионска титула на селото Спанчево на списокот во црната хроника во кочанскиот регион.

Најновиот инцидент со смртни последици се случи синоќа околу 20 часот. Во семејна расправија 60-годишната М.А. го удрила со метална шипка во пределот на лицето својот 62-годишен сопруг Тодор, по што тој починал. Безживотното тело во дворот од семејната куќа го пронашол синот Г.А. по што случајот го пријавил во полиција.

Смртта била констатирана од лекар од итната медицинска помош, по што телото е предадено на обдукција.

Жителите на Спанчево рекоа дека до сега не слушанале лоши работи за своите соседи. Тодор порано работел како рудар и повремено имал обичај да потпивнува, но неговото убиство ги изненадило,

- Па, добри беа, да ти кажам, добри луѓе, немаше ништо... Ако и дошол некогаш пијан, па остави го нека си легне, нека одмори, не би требало такво нешто да има... Како комшии вака, добри си беа, работеа, се слушаа, не знам како испадна ова, рекоа жители на Спанчево.

Синоќешното убиство е второ по семејна караница во Спанчево откако во април годинава татко со секира си го усмрти синот.

Три месеци претходно имаше уште еден трагичен инцидент во селото, кога по меѓусебна расправија меѓу две лица со удар со метална клешта беше усмртено 26-годишно момче.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 209 гости и нема членови


web counter



qr code