Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

socijalna storija tapanarov18.09.2014  58-годишниот Ванчо Тапанаров од Кочани 33 години работел во заштитна работилница на фирма по дадената дијагноза од лекарите како лице со ментална попреченост во развојот.

Поради сегашната болест - улкус на желудникот, заради што е опериран, Тапанаров не е способен веќе да работи и бара да му биде одобрено користење право на инвалидска пензија.

Откако ги поднел сите потребни документи и одел на неопходните испитувања кои ги барала комисијата за издавање инвалидска пензија, ја добил пензијата и цела 2013 година ја земал во износ од 9.000 денари. Но, по повторните испитувања на почетокот на 2014, Комисијата не му одобрува понатамошно земање на пензија со образложение дека е способен за работа.

Неговата сестра Ангелина Тапанарова, во обид да му помогне, повторно поднела документи за инвалидска пензија, но од Комисијата од Скопје ги барале оригиналните документи од историја на болеста кои ги поседува кочанската Општа болница, каде што првично бил однесен и лекуван Ванчо.

- Второстепената комисија воопшто не сака да ја земе во предвид неговата втора болест на желудникот за што мојот брат беше на операција и ми бара медицинска документација за истата. Јас не можам да поднесам медицинска документација затоа што ги немам оригиналните документи. Оригиналните документи се останати во кочанската болница,   но оттаму не ми ги даваат со образложение дека морам да поднесам официјално барање од комисијата за издавање пензија. Јас само во мене го имам отпусното писмо и фотокопираните документи, но комисијата ги бара оригиналите, рече Ангелина Тапанарова, сестра на Ванчо Тапанаров.

Канал 8 побара одговор од директорот на кочанската болница Дејан Апостоловски. На прашањето зошто на Ангелина не може да и ги дадат неопходните оригинални документи за историја на болеста што и се потребни за добивање на пензијата, Апостоловски рече дека за да се издадат било какви оригинални документи од историја на болест на било кој пациент потребно е да се поднесе официјално барање од кКомисијата за издавање на инвалидска пензија, а такво барање Тапанарова нема поднесено во кочанската болница.

Ако болницата без официјално барање издаде такви документи ќе одговара кривично согласно законите, додаде директорот Апостоловски.

Додека се изнаоѓаат документи и се води постапката околу добивање на инвалидска пензија Тапанаров живее во мизерни услови. Малата соба во која живее му е и кујна и дневна и тоалет. Нема никакви примања и живее без денар од почетокот на 2014 та година кога му ја укинаа инвалидската пензија.

- Мојот брат не зема ниту социјална помош, ниту остварува право на земање туѓа нега за помош на инвалидно лице. Од Центарот за социјални работи ми изјавија дека нема да зема социјална помош затоа што согласно законот треба да си оствари право на земање инвалидска пензија, додаде Тапанарова.

За да не умре од глад, го издржува неговата сестра Ангелина која инаку е доктор по земјоделски науки и виш стручен соработник на земјоделскиот факултетот во Белград. Таа ги подмирува сите сметки за струја и вода и го храни, но вели дека може да му помогне , но не и целосно да го издржува. Согласно законот за добивање пензии, лицата кои имаат 15 години работен стаж како инвалидни лица имаат право на добивање инвалидска пензија. Нејзиниот брат Ванчо има двојно повеќе години работен стаж како инвалид, а не зема инвалидска пензија.

Тапанарова ќе оди до крај во борбата за добивање инвалидска пензија и обезбедување скромен живот на својот брат.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code