Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfaltiranje zrnovci teranci22.09.2014  Градежна механизација на ЈП “Македонија пат“ започна со поставувањето асфалтен слој на патниот правец меѓу селата Зрновци и Теранци, како дел од изградбната на регионалниот патен правец штро ќе ги поврзува општините Зрновци и Карбинци.

Пробивањето на патот и поставувањето тампон започна пролетва и до сега е изграден поголемиот дел од коловозот, а работите ќе продолжат до крајот на годината.

Од Јавното претпријатиое за државни патишта потврдија дека се обезбедени потребните средства за изградба на целиот патен правец со должина од над 19 километри, а за годинава е издвоена околу една третина од потребната сума.

- Оваа година се издвоени 14,5 милиони денари и со тие средства ќе се изработат околу 2,5 километри меѓу селата Теранци и Видовиште. Во наредните години ќе се заврши комплетно патот, сите 10,6 километри и овој пат ќе добие една целина што ќе ги поврзува овие две општини, а воедно и општината Чешиново-Облешево, рече Александар Стојанов, заменик-директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според градоначалникот на Зрновци изградбата на патот ќе овозможи жителите од сите села од овој регион да можат полесно да комуницираат меѓу себе.

- Со оглед на тоа што регионалните патишта ни овозможуваат пристап до магистралните патишта, и тие заедно со локалните патишта се значаен фактор за развој на локалната економија, за привлекување нови инвестиции, мали бизниси и разни земјоделски активности, јас сум уверен дека овој регионален пат ќе биде добра основа за развој на општина Зрновци, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

И градоначалниците на Општините Чешиново-Облешево и Карбинци гледаат голема предност од изградбата на новиот патен правец, што ќе значи полесен и побрз пристап до населените места во регионот.

- Мислам дека овој пат е од големо значење, ние како централно подрачје, самите земјоделци ќе имаат подобар пристап до населените места, со тоа што нашиот сточен пазар што е лидер во Источна Македонија ќе имаат подобра комуникација, со тоа што магистралниот пат А3 ќе биде со намалена фреквенција, луѓето ќе доаѓаат повеќе од оваа страна и ќе ги посетуваат нашите населени места, рече Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

- Овој патен правец за општина Карбинци ќе значи многу затоа што жителите ќе стигнуваат многу побрзо до магистралниот пат, односно од плачковичките села и поголем дел од нашата општина. Ќе можат побрзо да комуницираат со општините Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и така натаму, ќе можат и побрзо да стигнуваат до сточниот пазар во Облешево, и така ќе биде од големо значење за нашата општина Карбинци, рече Зоран Минов, градоначалник на Општина Карбинци.

Според најавите од ЈП за државни патишта во периодот до 2017 година планирано е да се изгради и асфалтира земјениот коловоз во должина од 10,6 километри. За тоа ќе се потрошат уште околу 35 милиони денари.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 68 гости и нема членови


web counter



qr code