Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

revija-int26.09.2014 Колекцијата за сите сезони од наредната 2015 година претставена преку моделите на фирмата „ИНТ“. Темата на колекцијата беше геометризам, графизам и архитектура во модата.

Освен модели и конструктивни линии можеа да се забележат и чисти и едноставни форми со детали и третмани и ефекти кои ги прави Модната групација „ИНТ“.

-Во нашата колекција може да се види џинс наменет за помладите со ласерски ефекти, принтови , плисе и други модни детали, пеперутка навезена како детаљ кој се проткајува како симбол на слободата на лудоста и младоста со специјални ефекти на материјалите на ткаенините, рече Александра Филипова, моден креатор.

Широките појаси,црната, белата и посебно сивата боја е она што го препорачуваат модните креатори за претстојната есенска сезона.

-Нешто што не смее да се изостави претстојната есенска сезона е она што го диктираат Французите а тоа се широките појаси кренати горе. Покрај задолжителната бела и црна боја доста актуелна сезонава е и сивата боја, кожните јакни во кежуал стил, џинс фармерките, цевките продолжуваат, а се враќаат силуетите од шеесеттите години, додаде Филипова.

Колекцијата беше наменета за сите што сакаа да ја видат и за главните купувачи од Германија кои беа присутни на ревијата.

-Ревијата многу ми се допадна, многу е модерна и добра со многу разработени детали, модна изработка и инспирација, рече Франц Каузер, производен менаџер на фирмата „Апанаж“ од Германија.

-Ревијата и креациите беа одлични. Им благодарам на сопствениците на „ИНТ“ за добрата соработка, рече Бернард Најзн, менаџер на фирмата „Апанаж„ од Германија.

Модните креации со својата убавина ги надополнија девојките од модното студио „Црнокрак“. Манекенството бара многу одрекувања истакнаа убавите девојки.

-Внимавам доста на изгледот, а тоа значи дека секој ден вежбам и внимавам на исхраната, рече Мила Михајловска, манекенка во модно студио „Црнокрак“.

-На идните девојки кои сакаат да бидат манекенки би им препорачала да се запишат на курс по манекенство затоа што на тој начин ќе работат на својата самодоверба, градење пријателства и прекрасни искуства во животот, рече Кристина Мицевска, манекенка во модно студио „Црнокрак“.

-Имаме настапувано во Италија, земјите од бивша Југославија секаде, во Грција. Учествував на Изборот за мис Медитеран во Кипар во 2011 година. Иако манекенството е интересно хоби сепак и многу непредвидливо. Еднаш се сеќавам дека на една случка во Италија во Фиренца кога сите носевме превисоки штикли и на пробата сите паднавме , но на главната ревија поминавме супер, истакна Рената Томиќ, манекенка во модно студио „Црнокрак“.

Освен главните купувачи на модните креации Германците, презадоволни од ревијата и од целосната организација беа присутните гости роднини и пријатели на сопственикот на „ИНТ“ Николчо Илиев.

Т. Велкова

revija-int2

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code