Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pat Kocani Stip30.09.2014  Реализацијата на проектот за современо сообраќајно поврзување на Штип и Кочани се уште е во почетна фаза, односно се прават стратешки испитувања за неговата оправданост и социо-економското и еколошкото влијание во регионот.

Оценката за влијанието врз животната средина каде што ќе поминува идниот експресен пат што планира да го гради државата беше презентирана на јавна раправа во Облешево, на која присуствуваа градоначалниците и вработени во администрацијата на Општините Кочани, Чешиново-Облешево и Карбинци.

Беше речено дека постојната траса се покажала како добра од еколошки аспект, со одредени измени каде што ќе поминува сообраќајницата за да се избегнат дел од населените места.

- Влијанијата врз животната средина не се големи, мали се, бидејќи ова е постоечки пат, односно влијанијата врз животната средина веќе ги има, значи од сообраќајот, од колите врз живиот свет, посебно што овде имате доста птици бидејќи е мочурливо, воден крај. Тоа е постоечки пат кој веќе функционира и тие влијанија ги има во изминатите 20 и повеќе години од постоењето на патот, рече Борка Ковачевиќ од Градежниот институт во Скопје.

На презентацијата имаше претставник и од проектантската фирма која го изготвува проектот за реконструкција на патот. Со оглед што се уште се прибираат одделни параметри, проектот е во фаза на изготување на планската документација.

- Кога почнуваме да проектираме мораме да земеме предвид многу работи, претходно што е планирано во регионот, какви се други проекти има во врска со она што не интересира за инфраструктурата на патот, така што земено е предвид и автопатското решение, како би поминувала трасата. Така, сепак постапуваме според проектната задача од Јавното претпријатие за државни патишта и мораме да проектираме по тие начела, по таа проектна задача, рече Владимир Апостолов од проектантската фирма “Чакар“ од Скопје.

На презентацијата на стратегиската оценка можеа да се слушнат и мислења од присутните дека подобра варијанта наместо надградба на поостојнитот коловоз, е да се изгради ново автопатско решение на друга траса, а сегашниот магистрален пат да продолжи да се користи за локално поврзување на населените места низ кои тој поминува. Тоа би значело намалување на бројот на сообраќајни несреќи со трагични последици, зголемување на протокот на возила и овозможување безбедно возење со поголема брзина од сегашната, односно од онаа што се предлага за експресниот пат.

Согласност со таквите констатации имаше и од официјалните учесници во расправата.

- Како фаворит за мене како градоначалник, се надевам дека и за другите градоначалници од општините кои се засегнати со ова, ќе седнеме сите заедно, ќе разговараме, повеќе сме за автопатското решение, а се зависи од условите и финансиите што ќе ги понудат, рече Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

Со проектот сегашниот магистрален да се надгради во експресен пат треба да се овозможи брзината на движење на возилата да биде до 100 километри на час, при што за вклучување на околните села на патот ќе треба да се изградат клучки кај Уларци и кај Кочани.

Најголеми дилеми што се уште се нерасчистени се како ќе се направи поврзувањето на постојната зона Лесна индустрија во Кочани и околните села, како и неможноста да се избегне поминувањето низ Облешево, поради недостаток од средства да се изгради заобиколен пат околу селото.

Т. Ајтовски

Pat Kocani Stip1

 

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 218 гости и нема членови


web counter



qr code