Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ponikva08.10.2014  Природните и други потенцијали со кои располага источниот регион за потикнување на туризмот малку се искористени, иако претставуваат одлична можност за промоција пред домашните и странските гости.

Со таквата констатација искажана и на неодамнешната работилница во Штип, се приоѓа кон изработка на стратегија за развој на туристичките потенцијали, чиј носител е Центарот за развој на источниот плански регион.

Стратегијата што се однесува на периодот од 2015 до 2014 година ќе ја изработуваат агенциите “Идеја ОК“ и “Балкан дивелопмент солушн“ кои ќе имаат и консултантска улога. Тоа треба да претставува основен документ што ќе обезбеди одржлив развој на туризмот во регионот за наредниот среднорочен период.

- Оваа стратегија е една од активностите во рамки на проектот за кој веќе имаме зборувано, тоа е Програмата за зачувување на природата во Република Македонија, а финансирана од швајцарската влада. Ова е активност што треба да ја спроведеме во идниот период или временска рамка за изработка е 18 месеци. Се надеваме дека до крајот на идната година или нешто порано веќе ќе имаме навистина стратешки плански документ за одржлив развој на туризмот, рече Драгица Здравева, раководител на Центарот за развој на Источно планскиот регион.

Еден од заклучоците на работната средба е дека иако регионот има голем број природни ретјкости тие се недоволно промовирани и се уште се непознати и за локалното население.

- Знаеме, тука е Плачковица една од најразновидните планини во Македонија и пошироко, тука се Осоговските Планини со богатствот и на геодиверзитет и на биодиверзитет, фантастична клима што е во Беровската котлина што значи чист воздух и една од најкарактеристичните воздушни бањи во Македонија што е извонредна погодна и за здравје и за здравствен туризам, така што кога разговаравме на што да се даде приоритет од природните карактеристики, скоро и да нема крај на сето она што го има во регионот, а за кое што дури ни луѓето од овој простор не се доволно свесни или немаат доволно информации какви се богатства крие овој простор, рече д-р Ивица Милевски, вонреден професор на Институтот за географија.

Со изработката на стратегијата за развој на туризмот ќе се добие и своевиден катастар на природните реткости. Истовремено во промцијата на туристичките потенцијали треба да бидат вклучен и можностите за развој на бањскиот туризам, како еден од најбрзорастечките во светски рамки.

Исто така, свое место во стратегијата треба да добијат и помалите општини во регионот за искористување на нивните ресурси за развој на т.н. рурален или селски туризам.

Обезбедувањето финансиски средства за реализација на насоките што ќе бидат зацртани во стратегијата е фаза од развојот на туризмот за која и регионот и секоја од општините пооделно ќе треба да работат дополнително.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code