10.10.2014 Триесетина автомобили со странски регистерски ознаки, главно од соседна Бугарија, биле одземени од нивните сопственици во Источниот регион во акцијата што деновиве ја започна Министерството за внатрешни работи.
Неофицијално, најголем дброј од одземените возила се од Штип, но имало и од соседните градови, па и од Кочани.
Контролата на возилата се реализира во соработка со Царинската испостава во Штип при што се проверуваат автомобили со странски регистарски ознаки што биле привремено влезени на територијата на Република Македонија. Причина за одземањето е прекршувањето на законските одредби според кои е надминат периодот во кој возила со странски таблички можат да престојуваат кај нас.
При проверката на документацијата било утврдено дека одземените возила во Македонија биле повеќе од 6 месеци, без да ја напуштат државата преку некој од граничните премини.
Акцијата за проверка на периодот во кој престојуваат возилата со странски таблички ќе продложи и во наредниот период и ќе се спроведува на територијата на целата држава. За тоа што ќе се случи со одземените возила ќе одлучуваат органите на македонската царина, за што сопствениците ќе добијат соодветно известување.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}