Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lukoil kocani11.10.2014  Со цел да се унапреди билатералната соработка и да се поттикне економскиот развој во Република Македонија, руската компанија “Лукоил“ отвори уште еден повеќенаменски комплекс со бензинска станица, маркет и паркинг за лесни моторни возила на западниот влез на Кочани. 

Тоа е втора ваква инвестиција во брегалничкиот регион што ја реализираат Русите, а овој пат со домашната компанија „Бензински пумпи“ ДООЕЛ Кочани.

На свеченоста по повод пуштањето во употреба на новата бензинска станица присуствуваа високи владини преставници на Руската Федерација и на Република Македонија, деловни соработници и претставници од бизнис секторот од државата и регионот.

Присутните ги поздрави амбасадорот Олег Шчербак кој искажа задоволство од унапредувањето на трговските, економските и други врски меѓу двете земји.

- Исклучително значајна улога во зачувувањето на соработката во оваа сфера игра една од водечките руски енергетски компании “Лукоил“ која на македонскиот пазар утврдува највисоки стандарди на квалитет, сигурност и на екологија, рече Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Македонија.

Директорот на претставништово на „Лукоил“ во Македонија рече дека со новата бензинска станица ќе се подобри снабдувањето на граѓаните со висококвалитетни горива.

- Навистина ме радува тоа што граѓаните во Кочани и туристите што поминуваат од овде ќе ја имаат таа можност да ги користат висококвалитетните горива на компанијата “Лукоил“ и дополнителните услуги што ги нуди нашиот комплекс, рече Андреј Куку, генерален директор на „Лукоил Македонија“

Градоначалникот на Кочани упати благодарност за новата инвестиција што се прави во општината, посебно што таа доаѓа од земја со која има долгогодишна соработка.

- Ова е само еден знак дека Кочани станува интересно место за инвестирање и понатаму ќе биде убаво место за живеење, посакувано место за живеење, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.

Новата бензинска станица на „Лукоил“ во Кочани се простира на површина од 2.400 метри квадратни, таа е 27-ма по ред во Македонија и овозможи вработување на петнаесетина млади луѓе од општината.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 153 гости и нема членови


web counter



qr code