13.10.2014 33-годишниот Сердар А. со адреса на живеење во Кочани е уапсен на граничниот премин Табановце кај Куманово при обид да излезе од Македонија.
При проверката на идентитетот на кочанецот било утврдено дека тој треба да издржува затворска казна, поради што бил лишен од слобода.
Во неделата околу 17,30 часот лицето се пријавило за излез кон соседна Србија при што полицијата на граничниот премин констатирала дека се работи за лице против кое била водена судска постапка и во неа е осудено на затворска казна во времетраење од една година.
Причина за таквата одлука на судот е што 33-годишникот е сторител на кривично дело. Во постапката било констатирано дека осудениот извршил тешко дело со кое ја загрозил безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
По апсењето на преминот тој е предаден во СВР Куманово за натамошна постапка.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}