Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo5419.07.2013  Нема поместувања во ставовите на двете спротивставени страни околу легитимното право да го носат името на кочанскиот третолигаш “Осогово“.

Информациите за нивните меѓусебните препукување стигнаа и до раководството на Фудбалската федерација на Македонија.

Секоја од екипите во јавноста излегува со свои аргументи зошто таа треба да продолжи да се натпреварува во Третата лига, истовремено изнесувајќи контрааргументи дека другата страна без документација и со измама сака да го добие клубот.

Луѓето кои се дел од стручниот штаб на ФК “Осогово“, чиј претседател е Игор Данилов, веќе преземале чекори за решавање на настанатиот спор. До Локалната самоуправа поднеле писмено барање за одобрување финансиски средства за работа на клубот. Истовремено, побарано е грижата за стадионот да ја преземе новоназначениот технички директор на екипата Јордан Минов. За противничката страна велат дека нив како здружение ги нема во регистарот, а освен тоа сметката им била блокирана сметка за долг од околу 300 илјади денари.

Од стручниот штаб на екипата пак, што исто така го носи името “Осогово“, а ја предводи тренерот Крсте Крстев, велат дека тие имаат легитимитет во целиот случај , па дури и ја имаат и структурата на фудбалерите кои се натпреваруваа во минатогодишното првенство. Нивна оценка е дека спротивната страна воопшто нема документација за работа на нивниот клуб, па дури и писмото од ОФС што пред некој ден го прикажале во јавноста е невалидно, затоа што претседателот на Сојузот се оградил од него, со образложение дека не сака да зафаќа страна во спорот.

Сега одговорните во ФФМ побарале во најкраток можен рок претсдеателот на ОФС, Љупчо Папазов, да ги повика на заедничка средба двете страни, при што тие да ја приложат сета документација и аргументи со кои располагаат и конечно да се расчисти настанатиот спор.

Сепак, неофицијално во јавноста се наслушнува дека ако не се успее во тоа, случајот може да добие и правна, односно судска разврска.

Т. Ајтовски

Сподели

osogovo24osogovo34osogovo44

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 59%
Ветер: North при 0 kmh
Недела14°C/32°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 295 гости и нема членови


web counter



qr code