Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zensko lobi219.07.2013  Зајакнување на улогата и промовирање на важноста што ја имаат комисиите за еднакви можности меѓу мажите и жените во локалните заедници е една од основните задачи што треба да се разреши во сите општини.

Во моментот кон овие комисии има несериозен став, односно тие се маргинализирани, па не можат да ја исполнат својата улога.

Ова, меѓу другото беше речено на регионалната работна средба што во Кочани ја организираше Македонското женско лоби со членовите на комисиите за еднакви можности од општината-домаќин и соседните Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.

Функционирањето и бројноста на активностите на комисиите за еднакви можности се различни, што зависи во која општина се наоѓаат.

- Зависи од општина во општина, зависи од бројот на членовите на комисијата, зависи кои луѓе членуваат и колку акционите планови им се скроени според потребите  на граѓаните, дали тие не се предимензионирани, туку реални и остварливи, рече Даниела Димитриевска, извршен директор на Македонското женско лоби.

Целта на проектот е жените советнички, како членови на комисиите за еднакви можности да бидат вклучени во програмата на Обединиетите нации, што е во менторскиот систем, а кој ќе се развива во текот на идната година. Потоа се планира да се формира првата академија за жени од локалните самоуправи во регионот.

Димитриевска рече дека членовите на комисиите за еднакви можности од региониот се релативно активни во своето дејствување.

- Во овие општини имаме одредени иницијативи. Во некои други поголеми градови има континуирана соработка со земји од ЕУ, и тогаш тие имаат малку поголем буџет и поголема можност за развивање програми на локално ниво, додава Димитриевска.

Целта на развивање менторската мрежа меѓу членките на комисиите е да се зајакнат капцитетите на индивидуално, но и на комисиско ниво за спроведување на активностите од локалните акциони планови.

Проектот го спроведува Македонското женско лоби со поддршка на UN-Women, тело на ОН за родова еднаквост и Институтот Евробалкан. Партнер во проектот е Комисијата за еднакви можности при Собранието на Република Македонија.

Т. Ајтовски

Сподели

zensko lobizensko lobi4zensko lobi5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 59%
Ветер: North при 0 kmh
Недела14°C/32°C
Понеделник8°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/19°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 233 гости и нема членови


web counter



qr code