Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ruralna Zena15.10.2014  Распеано и разиграно повторно беше во Мојанци, десетина дена по одржувањетро на завршната свеченост од манифестацијата “Денови на оризот“. Овојпат повод за прославата беше одбележувањето на 15 октомври - Светскиот ден на руралната жена.

Централната свеченост ја организираа Федерацијата на фармери и Мрежата за рурален развој на Македонија со поддршка на Локалната самоуправа на Кочани.

Годинава одбележувањето на денот се одржа по седми пат, а негова цел е да ја истакне улогата на жената за развојот на земјоделството и руралните средини.

На прославата во Мојанци присуствуваа жени-фармери од сите краеви на Македонија, како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.

- На оваа манифестација секогаш укажуваме на здружувањето на жените и нивно инволвирање во Федерацијата на фармери и исто така инволвирање во женското претприемништво, што е многу важно за руралната економија. Освен тоа, многу е важно регионалното здружување, неодамна се вративме од Грузија и таму имавме состанок со грузиската федерација на фармери каде јасно и гласно беше укажано на потребата за регионално здружување за да можеме ние жените заеднички да делуваме и да ги одбраниме нашите интереси и права, рече Љубица Џониќ, координатор на мрежата на жени при Федерација на фармери.

Оценка на членките на мрежата за руралне развој е дека улогата на жената во развојот на прептриемнитшвото е големо.

- Откако знам за себе се занимавам со земјоделство и тоа ни е основна егзистенцијална дејност на целото семејство, а улогата на жената фармер во руралните средини е многу голема бидејќи таа е алката што го поврзува целото семејство и е столб на целото семејство. Жената-фармер треба да биде подготвена за секаква ситуација, за работа на поле, за работа во канцеларија ако некоја се занимава со понапредно претприемништво во земјоделието, потоа за работа во куќата, за одржување на куќата, за семејството, за грижа за децата, за родителите, и секогаш да биде стокмена за секоја прилика, рече Васка Мојсовска, жена-фармер од селоТимјаник, Неготинско.

Жените-фармери кои живеат во рурални средини сметаат дека се подготевни да ги исполнат очеувањата што од нив се бараат како претприемачи.

- Правата на жената што и се дадени со закон и со Уставот, што таа треба да ги исполни и на некој начин да ги искористи, секако дека таа е подготвена. Сега 21 век и таа може и во секои услови ова покажува дека ако 80 години се назад откако се слави овој ден, а само 8 години е присутно славењето во Македонија, тоа е само еден чекор плус дека сме тргнале од една мртва точка која има иднина, рече Гордана Митровска, основач на Мрежата за рурален развој.

Во рамки на одбележувањето на Денот на руралната жена се одржа и натпревар во правење традиционална тава за што беа доделени награди. Во манифестацијата се вклучија ФА “Кочани“, МЗ од Мојанци, како и Комисјата за еднакви можности на мажите и жените на Оштина Кочани.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 55 гости и нема членови


web counter



qr code