Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

morodvis kuka17.10.2014  Семејството Петрови од село Мородвис доби кров над глава. Општината Зрновци со сопствени средства и со средства од Министерството за труд и социјална политика им изгради нов дом.

Идејата за изградба на нова семејна куќа започна од пролетта кога на ова семејство од силните поројни дождови им падна кровот и поголем дел од постоечката куќа.

Инвестицијата за изградба на новиот дом на Општината Зрновци и Министерството за труд и социјална политика е над 200 илјади денари досега, а потребни се дополнителни 150 илјади денари за доизградба како и за уредување на внатрешниот простор.

Министерот Диме Спасов ги посети членовите на семејството за да увиди до каде се работите за изградба на семејната куќа.

- На иницијатива на градоначалникот на Општина Зрновци, Центарот за социјални работи и Министерството за труд и социјална политика, започнаа градежни активности за изградба на нов објект кој е во финална фаза на изградба, останува уште поставување на под, ламинат и прозори и врати на објектот. Дополнително преку акцијата „Се грижиме за топол дом“ ќе обезбедиме соодветен мебел за доопремување на новиот дом кој што очекуваме дека во наредните два месеци ќе биде готов и ќе може ова семејство да живее во подобри и посолидни услови за живот, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Семејството Петрови е семејство од социјален ризик и земаат социјална помош. Општината секогаш им излегува в пресрет на социјално ранливите категории граѓани.

- Грижата за социјално загрозените семејства е приоритет во програмата на Општина Зрновци со посебен акцент на социјално ранливите семејства. Во конкретниот случај се работи за семејство од социјален ризик и затоа одлучивме да се обратиме до Министерството за труд и социјална политика и до министерот Спасов и со заеднички средства да изградиме нов објект за пристојно живеење на четиричленото семејство Петрови, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Инаку девојчето член на семејството Марија Петрова е прва година на економскиот факултет во Кочани, а Општината и додели стипендија. На семејство ќе му помогне и Центарот за социјални работи Кочани каде што ќе бидат отпишани и дел од долговите.

- Постапивме по барањето за еднократна парична помош согласно законот за социјална заштита имаат поднесено и за еднократен отпис на долгови и во тек е собирната акција за прехранбени производи за ова семејство. Апелираме до сите граѓани да се вклучат во акцијата „Се грижиме за топол дом“ и сите оние предмети кои не им се потребни ним, на ова или на друго семејство ќе им бидат од голема корист, рече Весна Даневска, директор на Центарот за социјални работи.

Министерот обезбеди и компјутер за потребите за учење на нивната ќерката Марија. Членовите на семејството им се благодарија на градоначалникот и на министерот за помошта што е од исклучително значење да не останат на улица.

Со помош на Министерството во тек е и проектот за изградба на детска градинка за која е изготвена техничката документација, како и изградба на клуб на пензионери.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 132 гости и нема членови


web counter



qr code